Црвена Звезда во „турбо-ритам“: И Армани Милано падна пред „црвено-белите“

Кошаркарите на Црвена Звезда продолжуваат со одличните игри во Евролигата запишувајќи ја и третата едноподруго победа. Белграѓани по претходните победи над Жалгирис и Валенсија, овој пат, во 12. коло, изненадувачки славеа на гостински терен против Милано со 67-77.

Од самиот почеток на натпреварот јасно се виде дека „црвено-белите“ не се во Милано предвреме да се предадат. До полувремето, низ максимална израмнетос, домашните едвај дојдоа до предност од само еден поен (40-39).

Но, вториот дел почна со тотална доминација на кошаркарите на Црвена Звезда кои во последната четвртина влегоа со предност од седум поени. Истата ја одржуваа до крајот за конечна победа од десет поени разлика (67-77).

Лоренцо Браун ја предводеше Црвена Звезда до победата со 19 поени и седум асистенции, а 15 поени постигна Били Барон. Кај домашните единствено се издвои Серџо Родригез со 14 поени, пет асистенции и четири скока.

Во останатите мечеви, Макаби Тел Авив убедливо славеше против Баерн со 77-55, додека во шпанската пресметка Реал Мадрид без проблеми победи против Валенсија со 111-99.

Се вчитува...