„Црвените ѓаволи“, и со пораз, во финалето од Лига купот

Манчестер јунајтед се пласираше во финалето на англискиот Лига куп и покрај поразот од 2-1 на гостувањето против Хал, на реванш дуелот од полуфиналната пресметка.

„Црвените ѓаволи“ на првиот дуел во Манчестер славеа со 2-0, па со вкупни 3-2 обезбедија место во финалето.

Хал дојде до предност на денешниот меч со погодокот на Хадлстон од пенал во 35. минута. Погба израмни во 66. минута, а Ниас во 85. минута донесе пирова победа за домашните.

All Goals HD | Hull City 2-1 Manchester United… by HaijRJHD

Се вчитува...