Осум ракометари на првата прозивка на Вардар

Голем дел од клучните ракометари се со своите репрезентации на подготовки за СП 2019, но тимот на Вардар денеска ја одржа првата прозивка во новата година. На денешната прозивка се појавија осум ракометари предводени од Словенецот Скубе.

Од таборот на Вардар најавуваат дека во наредните денови во Скопје ќе пристигнат и Борозан и Мораеш, кои ќе влезат во завршната рехабилитациска фаза по операциите што беа извршени врз нив кон крајот на 2018 година.

„Црвено-црните“ својот прв натпревар во 2019 година ќе го играат на 6 февруари, кога ги очекува тешко гостување во Германија против Рајн-Некар Левен.

Се вчитува...