Црвено-црна новогодишна честитка: Моќна катарска компанија го спасува ФК Вардар!

Новата 2021 година би можела да стартува и тоа како посакувано за најтрофејниот македонски клуб. Како што дознава ЕКИПА, до крајо не месец мај би можело да биде затворено прашањето околу опстанокот на ФК Вардар доколку успешно финишираат веќе стартуваните преговори за негово преземање од страна на нов моќен инвеститор.

Согласно шпекулациите, иако се уште официјално непотврдени, во 2021 година преку договор со македонската Влада се најавува можна инвестиција од катарска компанија која под финансиска капа има бројни фудбалски гиганти во Европа, а која доколку влезе со инвестиции во Македонија тогаш под свое спонзорство, во договор со домашните државни институции, ќе го преземе и ФК Вардар.

Според информациите кои опстојуваат во спортската јавност, веќе во тек се преговорите со компанијата од Катар. Успешното финиширање на преговорите ќе значи и спас за најтрофејниот македонски клуб.

Овие разговори секако не значат исклучување на одговорноста за досегашниот сопственик на клубот, Сергеј Самсоненко за кога секако остануваат обврските за подмирување на долговите во висина од околу три милиони евра наталожени под негово владение изминативе години. По расчистување на обврските, клубот повторно се враќа на Град Скопје по што се отвора патот и за нов инвеститор.

Градоначалниот на Скопје, Петре Шилегов веќе во неколку наврати претходно нагласи дека Градот не може да го прифати враќањето на ФК Вардар под негова капа со долговите оставени од Сергеј Самсоненко, кој мора да го врати онака и како што го доби во 2014 година со чиста сметка. Иако, од македонската Влада и од Град Скопје, и покрај тоа што засега без официјални информации пред јавноста, во меѓувреме секако активно се во „потрага“ по решение за најтрофејниот македонски клуб.

Се вчитува...