Црвено-црна пресметка под Шара: Вардар во обид да го прекине седумгодишниот пост во Тетово!

Пресметката меѓу Шкендија и Вардар во фокусот на вниманието во денешното 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Денеска на Градскиот стадион во Тетово двете екипи со две сосема различни амбиции, едни за титула други за опстанок, но со еднаков мотив и желба за вистинско надигрување.

Вардар ќе се обиде и да ја прекине црната серија против Шкендија која трае од 10. октомври 2017 година, кога ја совлада со 4-2. Од тогаш на 16 натпревари, Шкендија има девет победи, а седум меча завршија без победник. Факт е дека и сега тетовци се огромни фаворити, пред се пред своите навивачи, но Вардар мора да потврди дека има сили да се избори за опстанок сезонава. А, јасно е дека квалитетот се потврдува токму со пресметките против вакви противници.

Интересен натпревар ќе играат и Работнички и Брегалница во Скопје, исто така во желбата за бодови за избегнување на дното од табелата.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
Гостивар: ГОСТИВАР – АП БРЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ

Се вчитува...