„Црвено-црната“ младина го освои Ѓорче Петров (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар обезбеди пласман во Европа, па тренерот Александар Васоски се почесто им дава шанса на младите фудбалери. На денешниот меч против Македонија ЃП во првиот состав беа Бојан Колевски, Али Адем и Џемал Ибиши, а првиот одлично ја искористи шансата и беше стрелец на двата гола за триумф од 0-2.

Очигледно дека „црвено-црните“ имаат одлична иднина и во сопствените редови и не мораат секоја сезона да купуваат странци со сомнителен квалитет. Секако, од Фелипе и Новак имаат што да научат и помладите…

 

 

Се вчитува...