„Црвено-црните“ добиваат уште едно засилување: Павел Андреев потврди дека кариерата ја продолжува во Вардар!

Вардар 1961 веќе се подготвува за предизвиците во следната сезона. Тимот на „црвено-црните“ веќе е активен на трансфер пазарот, па по Цехте, Анѓелиќ и Дуарте, четврто засилување ќе биде рускиот репрезентативен кружен напаѓач Павел Андреев.

Искусниот репрезентативец на Русија во разговор за рускиот „Брз Центар“ официјално го потврди трансферот во актуелниот македонски шампион.

„Да, точно е дека одам во Вардар. Официјално се договривме, потпишав договор со Вардар“, зијави Андреев.

Пкерот од Чеховски Медведи, Андреев шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, додека актуелната сезона, во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.

Се вчитува...