„Црвено црните“ го избраа наследникот на Вујовиќ – Давид Дејвис се враќа на кормилото на Вардар 1961

Шпанецот Давид Дејвис Камара во пролетниот дел од сезоната ќе го предводи тимот на Вардар 1961, одлучи првиот човек на клубот, Михајло Михајловски. Повеќекратниот македонскиот шампион и двоен европски првак го реши прашањето на тренерското место со ангажирањето на 45 годишниот Дејвис кој по пауза од повеќе од три години повторно се враќа во Скопје.

Дејвис ќе остане во Вардар до крајот на сезонава по што управата и тренерот ќе разговараат за продолжување на соработката.

Тој во периодот од 2014 до 2018 година беше дел од Вардар и заедно со Раул Гонзалес на клупата ја освоија првата шампионска екипа за „црвено-црните“ и уште еднаш играше на Ф4 турнирот во Келн. Работеше и како дел од женскиот тим на Вардар. Потоа беше и помошник во репрезентацијата на Русија, селектор на Египет, а последниот ангажман му беше како тренер на Веспрем.

„Вардарци“ сезоната ја почнаа под водство на Веселин Вујовиќ, кој доби отказ по серијата катастрофални резултати во Лигата на Шампионите. Последните натпревари на чело на првиот тим се наоѓаше Владо Недановски, кој ќе остане да работи и во стручниот штаб на Дејвис.

Се вчитува...