ЦСКА фаќа ритам – без проблеми против Панатинаикос во Москва

Кошаркарите на ЦСКА Москва стигнаа до третата победа во низа во Евролигата откако славеа на домашен терен против Панатинаикос со 97-77. Домаќините текот на мечот го најавија уште од самото отварање кога успеаја да го наметнат својот напаѓачки ритам и со 31 поен во првите десет минути да направат резултатска предност.

Предоста од 31-22 стекната во првата четвртина дополнително се зголеми до полувремето (53-38), а сите дилеми за денешниот победник беа решени во третата четвртина која повторно им припадна на „армејците“. Русите не го испуштија добриот ритам ниту на отварањето на второто полувреме во кое стигнаа и до +21 (75-54) по што следеше опуштање кај домашниот тим кој го искористија гостите од Грција за да го ублажат десеттиот пораз во лигата.

Со 17 поени и 13 асистенции Алекси Швед беше првото име кај домаќините, а него го следеа Антонов и Клајбурн со по 16 постигнати поени. Кај гостите се истакна Вајт со 19 поени и 4 скока, Еванс додаде 15 поени, а со по 14 поени мечот го завршија Недовиќ и Папајанис на кои Србинот додаде и 5 скока, а Гркот осум.

Се вчитува...