ЦСКА го „скроти“ Олимпијакос, Црвена Звезда убедливо поразена од Алба

ЦСКА Москва ја доби дерби-пресметката со Олимпијакос во 5. коло од Евролигата, славејќи на домашен терен со 88-82.

Олимпијакос одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина, но се потоа на мечот беше во знакот на рускиот тим. Пресудна беше втората четвртина која ЦСКА ја доби со 28-13. Гостите се обидуваа до крајот да се вратат во игра, но неуспешно.

Вил Клибурн беше феноменален во редовите на ЦСКА со 29 поени, дополнети и со четири асистенции, а на спротивната страна Тајлер Дорси имаше неверојатен ефект од 32 поени, но сето тоа залудно.

Црвена Звезда загуби со 63-78 од Алба во Белград. Тимот од Берлин беше предводен од Ло со 14 поени, а по 11 поени постигнаа Сикма и Зусман. Кај Црвена Звезда се издвоија Кузмиќ со 16 поени, Волтерс со 13 поени и Митровиќ со 11 постигнати поени.

Се вчитува...