ЦСКА и Спартак Москва во трка по потписот на Аријан Адеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ова лето конечно би можел да го напушти хрватскиот шампион Динамо Загреб.

Адеми изминативе години, и покрај бројните понуди од европски фудбалски гиганти, секогаш остануваше верен на Динамо како благодарност за неговата поддршка во времето на „допинг случајот“. Но, сега следат сериозни понуди од двата најголеми руски клубови, ЦСКА Москва и Спартак Москва кои се во трка по потписот на македонскиот фудбалер.

Адеми со Динамо Загреб има важечки договор до 30. јуни 2023 година. Според рускиот „Неваспорт“, реални се шансите Адеми да облече дрес на некој од руските клубови, иако јасно е дека околу сето тоа дозвола треба да даде и хрватскиот шампион согласувајќи се со понудената отштета.

Се вчитува...