ЦСКА Москва доведе засилување од НБА-лигата

Крилниот кошаркар Алек Питерс е ново засилување за рускиот кошаркарски клуб ЦСКА Москва. Тој доаѓа од НБА – лигата, каде минатата сезона го носеше дресот на Феникс санс.

Американецот има 23 години, игра на позициите ’три’ и ’четири’, а со тимот на ЦСКА Москва потпиша едногодишен договор.

Питерс е висок 206 сантиметри, беше 54.пик на драфтот минатото лето, а во дресот на Феникс санс одигра 20 натпревари. Питерс важи за одличен шутер за три поени и треба да претставува значајно засилување за „армејците“ во новата сезона.

Се вчитува...