ЦСКА Москва е прв патник на Ф4 во Евролигата (ВИДЕО)

ЦСКА Москва е првиот патник на Ф4 во Евролигата откако вечерва славеше и во третиот меч против Фенербахче, овој пат на гостински терен со 68-85.

ЦСКА Москва во текот на целата серија беше далеку подобар противник, а на сметка на турскиот тим не одеше и тоа што имаше проблеми со коронавирусот.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Клејбурн со 34 поени, додека кај Фенербахче Де Коло заврши со 22 поени.

Се вчитува...