ЦСКА Москва на Рајковиќ ја прегази Парма

ЦСКА Москва која е предводена од македонскиот стратег Емил Рајковиќ влезе во нова серија на победи во ВТБ лигата откако во 31. коло славеше убедливо против Парма Перм со 96-72.

Московскиот тим ја најави победата уште во првата четвртина која ја доби со 21-12, одолеа на налетот на противникот во втората четвртина во која успеа да намали на натпревар на еден посед за во третата четвртина одново да го наметне своето темпо за двоцифрена предност за која овој пат гостите немаа решение.

За ЦСКА Москва тоа е 24. победа во сезоната со што најтрофејниот руски тим повторно се изедначи со Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ на првата позиција на табелата.

Се вчитува...