ЦСКА Москва со „рокада“ во ростерот

ЦСКА Москва имаше разочарувачка сезона повторно останувајќи без трофејот во Евролигата, па раководството на рускиот гигант се реши за промени во ростерот. Лео Вестерман не ги оправда очекувањата на рускиот првак по трансферот од Жалгирис, имаше проблеми со повредите кои го спречија да го покаже своето вистинско лице, по што челниците на ЦСКА решија да ја искористат клаузулата за прекин на соработката во текот на летово.

Вестерман лани одигра 17 натпревари во Евролигата, во просек бележејќи по 4,6 поени и 1,9 асистенции за  13 минути игра.

Рускиот првак го официјализираше трансферот на Даниел Хакет, Американецот со италијански пасош кој доаѓа во Москва од редовите на Брозе баскет. Хакет (30 години) потпиша договор на две сезони откако лани во просек постигнуваше по 9,6 поени и 3,4 асистенции во дресот на германскиот прволигаш.

Се вчитува...