ЦСКА Москва триумфално против Вилербан

ЦСКА Москва триумфираше против АСВЕЛ Вилербан во Евролигата со 90-83 продолжувајќи ја битката за место веднаш зад водечката двојка на табелата.

Русите до победата дојдоа благодарение само на подобрата игра буквално во последните минути кога дојдоа до разлика за триумф.

По максимално израмнетите три четвртини ЦСКА Москва во последниот период од играта влезе со само еден поен предност (62-61). Па последната четвртина ја доби со 28-22 што беше пресудно за триумф.

Најдобар во победничкиот состав беше Даниел Хакет со 27 поени, пет скока и четири асистенции, а 17 поени запиша Алексеј Швед. Кај Вилербан најдобар беше Маркос Најт со 16 постигнати поени.

Се вчитува...