ЦСКА Москва во финишот го урна отпорот на Ц. Звезда

Кошаркарите на ЦСКА Москва славеа над Црвена Звезда со 78-76 во натпревар од четвртото коло во Евролигата. Тимот од Белград му парираше на големиот фаворит цели 36 минути, а падот во финишот беше клучен за поразот.

Вил Клејбурн со 18 поени беше прво име кај победникот, додека Швед заврши со 16. Со ист број на поени како и Швед, кај Црвена Звезда најефикасен беше Волтерс.

 

 

 

Се вчитува...