ЦСКА под истрага на Евролигата за „крадење време“ против Жалгирис (видео)

Евролигата денеска објави дека покренува дисциплинска постапка против ЦСКА Москва поради контроверзната завршница од мечот со Жалгирис во кој рускиот тим му „украде“ четири секунди од нападот на противникот во самата завршница од натпреварот. Литванците водеа со шест поени, а по тројката на Родригез гостите повторно тргнаа во напад, но истиот наместо 24 траеше само 19 секунди откако при одбојувањето на 18 часовникот „скокна“ директно на 14 секунди до крајот на нападот. За трагедијата на тимот на Јасикевичиус да биде поголема, тој напад Жалгирис го заврши без да упати шут, поради „минување на времето за напад“, а „нечистите игри“ беа обелоденети неколку часа по завршувањето на натпреварот. Во меѓувреме, ЦСКА го искористи подарокот и го одведе мечот до продолжение, во кое на крајот стигна и до победата.

Случајот крена голема прашина во европските кошаркарски кругови, па челниците на Евролигата се решија за дисциплинска постапка, иако е јасно дека конечниот исход нема да биде променет. Се очекува суспензија да заработи само лицето задолжено за работа со семафорот за напад, откако Евролигата во своето соопштение објави дека „истиот часовник се користи од 21 октомври 2016 без никаков проблем, тој бил проверен и пред натпреварот ЦСКА – Жалгирис, како и дека единствената лично што може да го активира часовникот директно на 14 секунди е лицето што работи на него.

Се вчитува...