ЦСКА Москва доживеа срамен пораз на домашен терен од Униск Казањ со 67-88 во руското дерби од 15. коло во кошаркарската Евролига. Гостите подобро го отворија мечот. По првата четвртина имаа предност од шест поени (21-27), а клучната разлика во мечот ја направија во вториот период во кој на противникот му дозволија само седум поени и на пауза заминаа со предност од 28-46.
Во второто полувреме успеаја само да го исконтролираат мечот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 67-88. Марио Хезоња со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа 20 поени на Шенгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА