ЦСКА потпиша со најдобриот кошаркар на Жалгирис

ЦСКА Москва го комплетираше првиот трансфер за наредната сезона, потпишувајќи тригодишен договор со литванкиот репрезнтативец Мариус Григонис. Одличниот 27-годишен кошаркар беше најдобар играч во Жалгирис минатата сезона, интерес за неговите услуги покажаа уште неколку евролигаши, но ЦСКА успеа да ги финишира преговорите и да го доведе Григонис во своите редови.

Григонис минатата сезона постигнуваше по 13,4 поени на натпревар во Евролигата, имаше и 3,3 асистенции по натпревар, а главно оружје му беше шутот од далечина, ако се знае дека тројки шутираше со прецизност од 45,6%. Тој мина три сезони во Жалгирис, период во кој освои три литвански титули и два куп-трофеи на оваа земја, а во 2019 година настапуваше со литванскиот гигант и на фајналфор турнирот во Евролигата.

Григонис ја почна својата кариера во младинската школа на Жалгирис, по што се пресели во Шпанија, каде настапуваше за Хуеска, Марнреса и Тенерифе. Тој беше МВП на завршницата на Лигата на Шампините во 2017 година, кога Тенерифе се закити со титулата.

Се вчитува...