ЦСКА се мачеше, но триумфираше по продолжение против Жалгирис

Кошаркарите на ЦСКА Москва стигнаа и до осмата победа во 12. коло од Евролигата иако потешко од очекувањата славејќи против Жалгирис со 82-80, дури по продолжението.

Русите долго се мачеа на дуелот во Москва па мораа во продолжение, низ крајно неизвесна завршница, да дојдат до конечниот триумф. Во првото полувреме се играше максимално израмнето, а ЦСКА со само еден поен предност влезе во последниот период од играта низ кој не успеа да стигне до триумфот, завршувајќи со 69-69 во регуларниот дел.

Во продолжението од пет минути, на 12 секунди пред крајот Мајк Џејмс погоди за 82-80 за конечна победа на домашните.

Најефикасен во победничкиот тим беше токму Џејмс со 19 поени, а 18 поени запиша Јанис Стрелникс. Кај Жалгирис се издвои Томас Волкап со 19 постигнати поени.

Се вчитува...