ЦСКА со неверојатен пресврт до победа на гостувањето кај Ефес

Актуелниот европски шампион ЦСКА Москав стигна до победа над Анадолу Ефес нагости со 80-81, во неверојатен пресврт во последната четвртина.

Првата четвртина помина во израмнета игра, а по десет минути гостите имаа минимална предност од 22-23. Во вториот период Турците беа за нијанса подобар противник, успеаја да го преземат водството и на полувреме да заминат со предност од 47-44.

Домаќините го контролираа резултатот и во третиот период по кој имаа предност од 66-59. Последната четвртина беше неверојатна. Русите се вратија во игра, пред се со одличната игра во одбрана и на 15 секунди до крајот на мечот за прв пат по долго време стигнаа до предност од 80-81. Во последниот Шејн Ларкин промаши шут за победа, по кој Русите стигнаа до голема победа. Мајк Џејмс со 28 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Ефес најефикасен беше Симон со 21 поен.

Химки го продолжи очајот на Жалгирис откако беше подобар од него со 83-74. Алексеј Швед и Стефан Јовиќ со по 25 поени беа најдобри во победничкиот табор, додека кај литванскиот шампион единствен расположен беше Џок Лендејл со 24 поени.

Се вчитува...