ЦСКА со понуда за Дени Илиев

Дејан Илиев е поврзуван со преселба во таборот на ЦСКА Софија, во обид македонскиот голман да се избори за постандарден статус од оној што го има во Арсенал. Македонскиот голман бранеше за тимот на „топчиите“ за играчи до 23 години, но и во ситуација кога Петр Чех замина во пензија јасно е дека Унаи Емери не смета сериозно на Илиев дури ни како прва замена за Бернд Лено.

Целата ситуација се обидуваат да ја искористат челниците на ЦСКА, кои подготвиле понуда за да го донесат македонскиот голман во Софија. Бугарските медиуми јавуваат дека „црвените“ од Софија во Илиев гледаат идеална конкуренција за првиот голман Витаутас Черниаускас, па иако е предвидено струмичанецот во прв момент да биде резерва, се најавува и дека тој ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети.

Интерес за Илиев покажува уште еден бугарски прволигаш, тимот на Левски, но според медиумите на источниот сосед, ЦСКА е фаворит за потписот на македонскиот чувар на мрежата.

Се вчитува...