ЦСКА, за малку, „од готово – вересија“: Сепак, избори место на Ф4!

Московска ЦСКА за малку ќе прокоцкаше сигурна победа во четвртиот меч од четвртфиналната плеј-оф серија во Евролигата, но успеа да слави со 88-89 за 1-3 во серијата против Химки и дефинитивен пласман на Ф4 завршницата во Белград.

Кошаркарите на ЦСКА извонредно го почнаа мечот создавајќи предност уште во првата четвртина, а на полувремето имаа и цели 13 поени позитива (44-57).

Се чинеше дека во вториот дел само рутински ќе ја задржат предноста за пласман на Ф4, но така не мислеше домашниот Химки кој постепено но сигурно ја топеше предноста на гостите. Па, во финишот се влезе максимално израмнето, а Химки на една минута пред крајот стигна и до водство од 87-85 со поените на Швед.

Во последните 20 секунди се влезе со предност за Химки од 88-87, а потоа на пет секунди пред сирената Хигинс погоди за ЦСКА и донесе триумф.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кори Хигинс со 20 поени, 15 поени запиша Воронцевич а Родригез мечот го заврши со 14 постигнати поени.

Кај Химки не помогна ниту феноменалниот Алексеј Швед кој мечот го заврши со 36 поени и 6 асистенции.

Се вчитува...