Цуцули останува во Дрита Гњилане до 2022 година

Поранешниот македонски репрезентативцец Ардијан Цуцули го продолжи договорот со косовскиот тим Дрита Гњилане до 2022 година. Раководството на клубот е задоволно од неговите игри и му понуди продолжување на соработката и во наредниот двегодишен период.

Екс-капитенот на Шкендија се пресели на Косово во 2019 година, откако претходно играше како интернационалец и во првенството на Албанија. 32-годишниот дефанзивец е еден од најдобрите фудбалери во составот на Дрита, чиј тренер е поранешниот стратег на Шкупи, Ардијан Нухиу.

Се вчитува...