Досегашниот фудбалер на Шкендија, Ардијан Цуцули следната сезона ќе ја мине во редовите на албанскиот прволигаш Кукс.
По завршувањето на соработката со Шкендија, левокрилниот дефанзивец и официјално се договори за една година соработка со албанскиот вицешампион. Претходно имаше понуда и од Партизани Тирани, но се одлучи да ја прифати понудата од Кукс.
Според најавите од Албанија, доколку на време се заврши со комплетирањето на неопходната документација, Цуцули би можел да биде на располагање за Кукс веќе за натпреварот против Торпедо во квалификациите од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА