Цуцули потпиша за косовска Дрита Гњилане

Поранешниот македонски репрезентативец Ардијан Цуцули кариерата ја продолжува во двократиниот шампион на Косово, Дрита од Гњилане.

Веднаш откако ја заврши соработката со албански Кукс, левокрилниот дефанзивец се одлучи да се пресели во Косово каде во новата сезона ќе настапува за Дрита.

Цуцули претходно настапуваше и во дресот на Шкендија, а беше член и на Победа и Милано во Македонија, како и на Партизани од Тирана во албанското првенство.

Се вчитува...