Цуцули се сели во Кукс, засилување за настапите во ЛШ!?

По завршувањето на соработката со Шкендија, поранешниот македонски репрезентативец Ардијан Цуцули е пред продолжување на кариерата во албанскиот суперлигаш Кукс.

Цуцули е во преговори со Кукс кој го посакува во своите редови за настапите ова лето во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, интерес за дефанзивецот има и од поранешниот негов клуб, Партизани Тирана.

Ардијан Цуцули откако изминатава сезона ја освои двојната круна со Шкендија, како и капитенот Ферхан Хасани, се одлучи да замине од клубот повторно активирајќи ја желбата за интернационална кариера.

Се вчитува...