Цветаноски: Играм против мојот екс клуб, но сега желбата е Вардар да дојде до триумф

Вардар во рамките на 3. коло во Првата македонска фудбалска лига в недела ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Матеј Цветаноски во Вардар пристигна токму од редовите на „лавовите“. Но, како што вели, сега секако единствено желбата е неговиот актуелен клуб да дојде до трите бода.

„Сакаме уште една победа и да ја продолжиме серијата на добри резултати. Меѓутоа против себе имаме сериозен предизвик. Не смееме да ги потцениме, и мислам дека натпреварот против Шкендија кога извлекоа нерешено треба да ни покаже дека ќе играме со добра екипа. Мислам дека кој и да игра ќе даде максимум и дека ќе го добиеме овој натпревар. Сакаме три бода, и се надевам дека ќе ја оствариме оваа цел. Јас ќе играм против мојот поранешен тим, меѓутоа нема тука ништо чудно. Сега сум дел од Вардар и ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот сегашен тим да дојде до триумф на овој меч“ – вели Цветаноски во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...