Цветаноски ја напушти Брегалница

Тренерот Здравко Цветаноски ја напушти Брегалница по денешниот тренинг заминувајќи од клубот. По поразот од Вардар, штипскиот прволигаш и понатаму е на последната позиција на табелата со минимални шанси за да избори опстанок. А самиот Цветаноски ја „отпиша“ Брегалница по овој меч, во изјава за медиумите, па можеби и тоа е дел од причината зошто си заминува.

„Вардар има поквалитетен тим од нас, тоа се подразбира, но според прикажаното не заслуживме да загубиме. Одново добивме црвен картон, кој на крајот беше фатален за нас. Шансите за опстанок се речиси невозможни, но Брегалница е оставена сама на себе. Им честитам на Вардар, притискаа за победа и на крајот им успеа. Што се однесува до нас, мора да спречиме да ни се случуваат истите работи на секој натпревар, да бидеме подисциплинирани во однос на картоните. Мора да најдеме решение да се носиме со натпреварите до самиот крај. Брегалница има квалитети да остане во Првата лига, но за тоа треба многу да се работи“ – изјави Цветаноски по поразот (2-0) од Вардар во Скопје, кој дојде во последните неколку минути од мечот.

Се вчитува...