Цветаноски пред потпис со унгарски Ѓирмот

Матеј Цветаноски и дефинитивно го напушта Шкупи во јануари. Крилниот играч ги напушти подготовките на чаирскиот тим во Анталија, и во следните денови ќе треба да го комплетира трансферот во унгарски Ѓирмот.

Цветаноски заминува во унгарскиот тим како слободен играч, со оглед дека му истекува договорот со лидерот во ПМФЛ.

Ова за Цветаноски ќе биде прв интернационален предизвик. Претходно играше за Македонија ЃП, Пелистер и Вардар.

Се вчитува...