Цветаноски: Среќата не е на наша страна, заслуживме да заминеме со бод

Тренерот на Брегалница, Здравко Цветаноски, е задоволен од играта на својот тим, но истото не може да го каже и за резултатот, кој на крајот заврши во полза на вардарци.

„Вардар има поквалитетен тим од нас, тоа се подразбира, но според прикажаното не заслуживме да загубиме. Одново добивме црвен картон, кој на крајот беше фатален за нас. Шансите за опстанок се речиси невозможни, но Брегалница е оставена сама на себе. Им честитам на Вардар, притискаа за победа и на крајот им успеа. Што се однесува до нас, мора да спречиме да ни се случуваат истите работи на секој натпревар, да бидеме подисциплинирани во однос на картоните. Мора да најдеме решение да се носиме со натпреварите до самиот крај. Брегалница има квалитети да остане во Првата лига, но за тоа треба многу да се работи“ – изјави Цветаноски по натпреварот.

Брегалница во наредното коло ќе ја пречека второпласираната Шкендија.

Се вчитува...