Цвијиќ: Без залетување, прво Ростов па ќе мислиме на финале!

Една од најдобрите вардарови ракометарки, Србинката Драгана Цвијиќ вели дека нема потреба македонскиот шампион еуфорично да го очекува настапот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите викендов во Будимпешта.

Како што вели Цвијиќ, најпрво фокусот комплетно треба да биде единствено на саботното полуфинале против рускиот Ростов. А, потоа ќе се мисли на финалето и толку посакуваната европска титула.

„Првата наша цел на Ф4 турнирот е секако да победиме на полуфиналниот натпревар. А потоа ќе мислиме за титула… Мора да одиме чекор по чекор, без залетување. Оваа година мислам дека ќе биде потежок турнир, со навистина квалитетни екипи, но и ние сме далеку поискусни и поподготвени за се што не очекува во Будимпешта. Секако, огромна е самодовербата во нашите редови. Можеме до врвот!“ – вели Цвијиќ.

————————————————————————————————————————–

Комерцијално видео

Се вчитува...