Цвијиќ со нова повреда, но и моќна порака: Лузните не се слика на слабост

Драгана Цвијиќ не може да крене глава од проблеми со повреди, но поранешната „вардарка“ не се предава во борбата за враќање на ракометните терени. Таа објави фотографија од најновата повреда, но и силна емотивна порака, во која јасно ја потенцира решеноста да излезе како победник во оваа битка.

„Лузни… Тие не се слика на твојата слабост, туку само факти дека си жив. Сами од себе ретко минуваат, а од плачење уште побавно. Тие лузни во животот најдобро ги лечат заедничките молчења. Оние молчења кога јазиците не зборуваат, а само погледите комуницираат. Кога се може да се излечи со само една прегратка. Од мајка, од татко, пријател. Нејзин. Негов. Затоа не ги криј. Покажи му на светот дека да се биде повреден, а да се преживее, е поголема храброст отколку да се биде непобедлив“ – порача Цвијиќ на својот инстаграм-профил.

Српската репрезентативка дојде во Вардар за да помогне тимот да стигне до титулата во ЛШ, мина само една година во Скопје бидејќи потоа „црвено-црните“ поради финансиски колапс го распуштија дрим-тимот. Цвијиќ се пресели во редовите на ЧСМ Букурешт, но поради серијата повреди поголемиот дел од сезоната го мина надвор од терените.

Се вчитува...