Тудор избегна прашање за иднината на Влаховиќ во Јувентус

Душан Влаховиќ ја потврди и повеќе од потребната победа на Јувентус од 2-0 над Удинезе во претпоследното коло од Серија А со гол во 88. минута умешно користејќи ја шансата која ја доби од клупа.

Српскиот голгетер кој се поврзува со заминување од Јувентус на крајот на сезоната, а со оглед на тоа што овој можеби му беше и последен натпревар пред навивачите на „старата дама“ беше тема на разговор за тренерот Игор Тудор по крајот на средбата.

„Тој е силен играч. Знаете какви се напаѓачите. Ако не постигнат гол на два натпревари веднаш се поставуваат прашања. Имаше големо влијание, играше со срце и ја докажа својата верност. Се жртвуваше за тимот и одигра добар натпревар“, изјави хрватскиот стратег на кој потоа му беше поставено прашање доколу остане дали би го задржал и Влаховиќ.

„Нема да одговорам на тоа. Фокусирани смсе на последните 90 минути“

Се вчитува...