Тудор: Јувентус не е на Светското клупско првенство само за да учествува

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, навести дека тимот ќе се стреми кон големи цели за време на учеството на Светското клупско првенство. „Старата дама“ е во група со Ал Аин од ОАЕ, Видад Казабланка од Мароко и Манчестер Сити од Англија.

Тудор, кој пред неколку дена го продолжи договорот со Јувентус до 2027 година, најави дека тимот не е дојден на ова натпреварување колку само да учествува, туку и да направи успех.

„Постои возбуда бидејќи ова е прв пат да учествуваме на ваков турнир. Јуве отсекогаш имал амбиција да победи, а ние сакаме да го направиме тоа и овој пат. Свесни сме дека најдобрите тимови во светот се тука, но не дојдовме само за да учествуваме. Нека биде јасно. Нашето патување до САД беше долго, а сега мора брзо да се адаптираме на временските услови и новата временска зона, бидејќи ќе бидеме на теренот во среда“, коментираше Тудор.

Се вчитува...