Марсеј во првиот натпревар од 9. коло во францускиот шампионат славеше со 0-3 против Ангерс на гостински терен и се проби на првата позиција на табелата, барем до утрешниот натпревар на ПСЖ кој на домашен терен ја пречекува Ница.
Тимот на Игор Тудор до водство дојде уште во 35. минута со одличниот гол на Клаус на асистенција на Суарез, а улогите си ги заменија во 50. минута за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Герсон девет минути подоцна.
Марсеј така продолжи со најдобриот старт во првенството во историјата. Славниот клуб има 23 од можните 27 бода во новата сезона, а со ПСЖ и Ленс е единствена екипа која се уште не загубила натпревар во шампионатот.
Тудор на почетокот од кариерата во Марсеј имаше сериозни проблеми со постојаните критики поради проблематичниот начин на комуникација со играчите, а по победата над Реимс во 1. коло со 4-1 навивачите го исвиркуваа. Сега, пак, е херој на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА