Хрватскиот стратег Игор Тудор не престанува со купување нови фудбалери откако го презеде кормилото на француски Марсеј.
Па, сега продолжува доведувањето засилувања. Како што пренесува „Мирор“ на располагање на Тудор ќе биде и Алексис Санчез.
Во Интер повеќе не сметаат на Чилеанецот, па Марсеј веќе отворено покажал интерес да го купи за симболичен износ. Се очекува до крајот на оваа недела, трансферот да биде затворен.
Преговорите со Алесис влегоа во завршна фаза откако беше финиширана позајмицата на левиот бек Тавареш од редовите на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА