Хрватскиот стратег, Игор Тудор е понуден на два клуба од Серија А.
Тудор е големо име во Италија. Освен што играше за Сиена и Јувентус речиси десет години како играч, во својата тренерска кариера тој раководеше со четири италијански клуба Удинезе, Верона, Лацио и Јувентус, па сега повторно е посакуван од два клуба, иако не се истакнуваат нивните имиња.
Неговиот последен ангажман беше во Тотенхем, каде што беше на клупата од средината на февруари до крајот на март. Во седум натпревари, во кои лондонскиот клуб се бореше за опстанок, забележа една победа, едно реми и пет порази.
Токму во тој период почина неговиот татко, а не долго потоа, беше договорено да се прекине соработката.
Тотенхем продолжи со лоши резултати под водство на Роберт Де Зерби и го обезбеди својот престој во Премиеерлигата буквално во последното коло.
Тудор, покрај гореспоменатите клубови, порано во својата кариера тој ги тренираше и Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај и Марсеј. Го освои Купот на Хрватска со Хајдук во 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
