Тудор во понеделник ќе биде назначен за тренер на Олимпик Марсеј

Хрватскиот тренер Игор Тудор, е главен фаворит да стане тренер на Олимпик Марсеј. Според пишувањата на француските медиуми, Хрватот во понеделникот ќе биде промовиран за нов тренер на Марсеј.

Овој тим остана без тренер, откако неочекувано Хорхе Сампаоли поднесе оставка од функцијата, па најблиску до неговото место е Хрватот, кој последен пат работеше во Верона со која се раздели по завршувањето на сезоната.

„Веќе почнавме да бараме замена а Сампаоли. Веруваме дека имаме квалитетни кандидати, почнавме преговори со неколкумина“, се вели во соопштението од Марсеј.

44-годишниот Тудор наводно ќе потпише двегодишен договор. Покрај Верона, го водеше Удинезе, беше помошник во Јувентус, а беше прв тренер на Хајдук, Галатасарај, ПАОК.

Се вчитува...