Тухел: Англија не е фаворит на СП, немаме победнички менталитет

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел истакнува дека неговиот тим не е меѓу главните претенденти за титулата светски првак.

Англија се уште не се квалификувала за првенството чии домаќини ќе бидат Канада, Мексико и САД, но се многу блиску до таа цел. Во својата квалификациска група К по пет одиграни натпревари имаат максимални 15 бода. Втората Албанија има осум, а третата Србија седум бода со натпревар помалку.

Последен пат Англија играше во финалето во 1966 година, кога ја освои единствената титула. Тухел знае што е клучниот проблем.

„Одамна не сме биле во финалето на Светското првенство и затоа не може да бидеме меѓу најблиските фаворити за титулата. Очигледно е дека на Англија и недостига вистински победнички менталитет. Тоа го имаат Аргентина, Бразил, Шпанија или Франција. Не сме во иста реченица со нив во моментов, но можеме да бидеме ако патуваме на првенството како хомогена репрезентација и се однесуваме како квалитетна група за време на првенството“, изјави Тухел.

Се вчитува...