Тухел без милост: Рабио не смее да влезе во соблекувалната на ПСЖ

Адриен Рабио сака што поскоро да си замине од ПСЖ, веќе има пред-договор за преселба во Барселона, а „светците“ разочарани од неговиот однос настојуваат најмногу што можат да му го искомпликуваат животот во последните месеци на „Паркот на принцовите“. Управата уште пред петнаесетина дена објави дека Рабио веќе нема да биде дел од првиот тим, а чекор напред отиде тренерот Тухел, кој му го забранил пристапот во соблекувална на францускиот плејмејкер на деновите на натпреварите.

„Тухел е во право, знае дека ја има нашата поддршка. Рабио го изигра клубот, имавме долг позитивен дијалог за продолжување на договорот, ги прифативме сите негови услови, а потоа целата ситуација се промени. Покажа непочитување кон клубот и навивачите, што е неверојатно бидејќи станува збор за играч кој од мали нозе го носи дресот на нашиот тим“ – изјави директорот Енрике.

Во меѓувреме Барселона испрати понуда од пет милиони евра за да го доведе Рабио веќе во јануарскиот преоден рок, но на потег се челниците на ПСЖ, дали да ја прифатат оваа сума и да го затворат случајот, или да продолжат со изолирањето на Рабио, кој дефинитивно до крајот на сезонава не е дел од плановите на тренерот Тухел.

 

Се вчитува...