Тухел блокирал два трансфери на ПСЖ, го бара Рабио назад

ПСЖ го комплетираше трансферот на Паредес од Зенит, но плановите на управата на клубот за ангажман на уште двајца нови фудбалери во последниот ден во преодниот рок биле стопирани од страна на тренерот Томас Тухел. Имено, ПСЖ беше во завршна фаза од преговорите за Лусијано Акоста од ДиСи Јунајтед и Тијаго Мендеш од Лил, но Тухел не беше убеден дека овие двајца фудбалери можат да ја кренат играта на „светците“ на повисоко ниво.

Германскиот стручњак веднаш упатил и барање до управата – да му го врати на располагање Адриен Рабио. Францускиот играч за врска е суспендиран поради одбивањето да потпише нов договор со „светците“, па последниот месец го мина тренирајќи со вториот тим. Тухел е убеден дека Рабио би му бил од огромна помош, особено кога и Марко Верати е повреден, па побарал Французинот да биде вратен во првата екипа.

На потег се челниците на ПСЖ, кои ќе треба да ја надминат сопствената гордост и да дозволат камбек на фудбалерот кој потоа во јули без никаква отштета ќе си замине од клубот.

Се вчитува...