Тухел: Да бидеме скромни и да го почитуваме Малме, во фудбалот може да се случи се’

Германскиот стручњак Томас Тухел истакна дека е исклучително среќен што добил можност да биде тренер на Челси. „Сините“ се на врвот во Премиер лигата, а овој тим не знае за пораз во последните шест натпревари во сите натпреварувања.

Тимот од Лондон во вторник ќе игра против Малме во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Добро ни оди. Знаеме што е потребно за да се постигнат добри резултати. Ова е петти или шести натпревар по ред на кој важеме за фаворити и ми се допадна како мојот тим се справуваше со тоа досега. Мораме да бидеме подготвени, скромни и да ја почитуваме играта на противникот, бидејќи во фудбалот се е можно“, изјави Тухел.

Се вчитува...