Тухел: Нејмар не си оди додека не донесеме замена за него

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел призна дека на неговиот тим во поразот од Рен му недостигал Нејмар. Францускиот тим загуби од Рен со 2-1, а во тимот не беше Бразилецот кој се опоравува од повредата и чека трансфер во Барселона или Реал Мадрид.

„Нејмар нема да замине, а ние да не донесеме фудбалер на негово место. Доколку остане ќе имаме фудбалер кој ќе ни помогне во битката за трофеите. Секогаш го повторувам истото, преодниот рок трае уште десет дена и се е можно да се случи до крајот“, изјави Тухел. 

Како замена за Нејмар се шпекулира дека на „Паркот на принцовите“ би можел да дојде Пауло Дибала, кој незадоволен од улогата во тимот, сака да го напушти италијанскиот шампион Јувентус.

Се вчитува...