Тухел го одмори Нејмар, ПСЖ убедлив против Амиен

Пари Сен Жермен продолжува да маршира триумфално низ Франција. „Светците“ на домашен терен го совладаа Амиен со убедливи 5-0 и по десет кола се перфектни со 30 освоени бода во шампионатот.

Томас Тухел го одмори Бразилецот Нејмар за мечот од Лигата на шампионите, но тоа воопшто не беше проблем за ПСЖ да стигне до триумф. Маркињос во 12.минута го отвори резултатот, а Рабио во 42.минута го удвои водството.

Во вториот дел, уште три гола во мрежата на Амиен. Драслер стрелаше во 80.минута, Мбапе две минути подоцна, а Дијаби погоди во 88.минута од средбата.

Се вчитува...