Тухел го препороди Челси, Баерн повторно подобар од Лацио (ВИДЕО)

Челси и во вториот натпревар славеше над Атлетико Мадрид овој пат со 2-0 и со вкупни 3-0 се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Хаким Зијеш во 34. минута донесе водство од 1-0/

Во второто полувреме се виде нервозата на „душекчиите“. Прво Симеоне ја смени својата прва ѕвезда Луис Суарез кој беше незадоволен по излегувањето, а потоа Савиќ доби директен црвен картон откако дозволи да биде испровоциран од Ридигер. Во финишот Емерсон ги постави конечните 2-0.

Баерн Минхен и во реваншот славеше над Лацио, овој пат со 2-1. Левандовски од пенал во 33. минута донесе водство, а на 2-0 зголеми Чупо Мотинг во 73. минута. До крајот „лацијалите“ преку Пароло во 82. минута успеаја само да го ублажат поразот.

 

 

 

 

 

Се вчитува...