Тухел го сака Франк Кеси како замена за Рабио

Францускиот првак Пари Сен Жермен полека се откажува од намерата да го задржи Адриен Рабио во своите редови, туку се фокусира на неговата замена. Играчот за врска влезе во последната година од актуелниот договор и веќе двапати ја одби можноста за продолжување на соработката, дури и за годишна плата од 10 милиони евра. По ова, „светците“ веќе планираат ново засилување по завршувањето на сезоната.

Тренерот Томас Тухел гледа кон Италија и го посакува Франк Кеси, фудбалерот на Милан, како замена за Рабио од следната сезона. „Росонерите“ не го почнаа најдобро шампионатот во Серија А, па добра понуда за Кеси би можела да биде пресудна за негово заминување од „Сан Сиро“.

Се вчитува...