Тухел го враќа Буфон на голот на ПСЖ

Џанлуиџи Буфон ќе се врати на голот на ПСЖ откако последните триесетина дена ги мина греејќи ја клупата за резерви на актуелниот првак на Франција. Италијанскиот ветеран е без настап од убедливиот триумф над Лион на 7 октомври, а во изминатиот период мрежата на „светците“ со успех ја бранеше Алфонс Ареола. Сепак, тренерот Тухел денеска обелоденил дека е време Буфон да се врати на голот.

Буфон ќе брани на следниот натпревар од домашното првенство против Лил, а потоа и на мечот од Лигата на шампионите со Наполи. Дополнително ќе биде донесена одлуката за наредните натпревари“ – им соопштил Тухел на фудбалерите на ПСЖ.

Буфон по долги години минати во Јувентус летово се пресели во Франција, во обид со „светците“ конечно да стигне до трофејот што му недостига во фантастичната кариера, оној за клупски европски првак во Лигата на шампионите.

Се вчитува...