Тухел и Кортес, најдобри тренери во Лигата на Шампионите

Томас Тухел и Луис Кортес се добитници на наградите на УЕФА за најдобар тренер во Лигата на Шампионите минатата сезона, во машка и во женска конкуренција.

Тухел среде сезона го наследи Френк Лампард и успеа да го воскресне тимот на Челси, кој одигра извонредно до крајот на сезоната и во финалето го совлада Манчестер Сити со 1-0.

Кортес ја предводеше Барселона до титулата во женска конкуренција, па откако каталонките ги собраа речиси сите награди на играчки план, очекувано беше и ова тренерско признание да заврши во негови раце.

Се вчитува...